2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШтербик заминува во Веспрем

Штербик заминува во Веспрем

Еден од најдобрите голмани во историјата на ракометот, Арпад Штербик, го стави својот потпис на двегодишниот договор со Веспрем, објави унгарскиот шампион на својата официјална интернет-страница. Договорот помеѓу двете страни ќе почне да важи од 1 јули 2018 година.

Штербик (38) е еден од најдобрите играчи на Вардар во кој дојде во 2014 година од Барселона. Минатата сезона како дел од „црвено-црните“ учествуваше во најголемиот клупски успех, освојувањето на титулата во Лигата на шампионите. Титулата со Вардар е четврта во елитното натпреварување за Штербик.

По повод потпишувањето на договорот, Веспрем објави интервју со Штербик.

„Имав многу понуди, но повикот од Веспрем не можев да го одбијам. Борбата за најзначајните титули ме ‘одржуваше во живот’ низ целата моја кариера. Во Веспрем, пред 16 години, првпат добив можност да играм во Лигата на шампиони. Очекувањата во ЛШ се зголемуваа секоја година. Веспрем е еден од најдобрите тимови во Европа и воопшто не се премислував кога требаше да потпишам“, рекол Штербик.

Големо влијание врз одлуката да се определи за Веспрем има и оддалеченоста од неговиот роден град Сента, кој се наоѓа во близина на српско-унгарската граница.

Штербик во интервјуто открива дека мотивацијата и здравјето се најважниот дел за постигнување врвни резултати.

„Веќе напоменав дека мотивацијата значи многу, многу е потешко да се игра во помал тим. Исто така важно е да се избегнат повредите. За среќа, немав проблеми последните години. Важно е да се биде ментално здрав. Секогаш имав желба да се докажувам, секогаш сум ‘гладен за успеси’. Кога стигнав во Вардар сакав да бидам подобар и подобар, на направам нешто што ќе се памети. Желбата за победи е она што ме движи“, рекол Штербик.

Штербик од 2001 до 2004 година беше играч на Веспрем и во овој период освои три двојни круни во унгарскиот шампионат, а во 2002 година беше прогласен за играч на сезоната во Унгарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП