3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИгуаин нема да игра против Наполи

Игуаин нема да игра против Наполи

Италија одбројува до дербито помеѓу Наполи и Јувентус, кое на програмата е в петок. Наполи има четири бода повеќе од тимот кој шест сезони во низа ја освојува титулата и со евентуална победа ќе стекне голема предност во однос на ривалот.

За разлика од фудбалерите кои ќе се насочат на она што ќе се случува на теренот, навивачите се нетрпение ја очекуваат новата „пресметка“ со некогашниот миленик, а сега предавник Гонзало Игуаин.

Сепак, според најавите од Јувентус, Игуаин нема да патува со тимот во Неапол поради повреда.

Популарниот Пипита синоќешната победа на Јувентус над Кротоне (3:0) ја гледаше од клупата за резерви, а во пресрет на големото дерби тренерот Алегри рекол дека Игуаин нема да биде во тимот.

„Ја повреди раката, треба да оди на дополнителни прегледи. Не е добро, веројатно нема да игра в петок“, изјавил Алегри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП