2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХејнкес е планот Б на „кралевите“

Хејнкес е планот Б на „кралевите“

1620695_full-lnd

Актуелниот тренер на Баерн Минхен Јуп Хејнкес е подготвен да го преземе Реал Мадрид, пишува во денешниот број на весникот „Марка“. 68-годишниот тренер со сигурност ја  напушта „Алијанц Арена“ во текот на летото и со тоа останува без ангажман. Од „Сантијаго Бернабеу“ сакаат да го доведат Карло Анчелоти, кој сепак е врзан со ПСЖ. Па затоа Хејнкес е планот „Б“ за „кралевите“ во случај да пропадне обидот за доведување на Италијанецот.

Личниот агент на германскиот стратег – Енрике Рејес во петокот наутро бил виден во канцелариите на „Бернабеу“. Најверојатно повод за посетата била желбата на Рејес да добие карта за финалето од Купот на кралот, кој се одигра истиот ден, но дали било само тоа останува да видиме.

Со Хејнкес се поврзани гламурозни моменти на Реал Мадрид како освојување на седмата титула во Лигата на шампионите во 1998-та година. До моментов Германецот има десет трофеи во кариерата, а до крајот на сезоната може да освои уште две и тоа во Лигата на шампионите и Купот на Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП