8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMaserati го најавува производството на Levante

Maserati го најавува производството на Levante

maserati-kubang-koncept-1

„Maserati“ има сериозни планови својата годишна продажба да ја зголеми на 50.000 единици, што е голем скок во споредба со минатогодишните 7000 продадени автомобили. Но во овој план се очекува да им помогнат двата нови модели.

Еден од нив е неодамна претставениот седан „Ghibli“ кој на пазарот ќе се најде во текот на годината. Додека вториот е СУВ моделот „Levante“ кој во концептна форма беше претставен во 2011-та година по името „Kubang“, а неговото доаѓање на пазарот се очекува наредната година.

Името „Levante“ потекнува од името на улицата во Болоња во која браќата „Maserati“ ја замислиле компанијата која денеска го носи нивното име. Следната година компанијата ќе прослави половина век од своето постоење, па така името на новиот модел би било сосема логично.

maserati-kubang-koncept-3

„Levante“ својата платформа ќе ја дели со „Grand Cherokee“ моделот на компанијата „Jeep“. Меѓутоа неговиот мотор нема да биде произведен во Детроит, туку во Италија.

Очекувањата се големи, „Levante“ би требало да стане еден од најпродаваните модели на италијанскиот производител и да има улога каква што има „Cayenne“ во гамата на „Porsche“. Па поради тоа не е за чудење планираното годишно производство од 10.000 до 15.000 единици.

За снагата ќе биде задолжен истиот асортиман на мотори кои се достапни кај „Ghibli“ и „Quattroporte“. Тоа во превод значи 3.0 литарски V6 со 404 KS и два турбо компресори за основниот модел и 3.8 литарски V8 со два турбо компресори и 523 KS како најмоќен во понудата. На европскиот пазар се очекува „Levante“ да биде достапен и со дизел моторот на „Ghibli“ кој е 3.0 литарски V6 турбо дизел.

maserati-kubang-koncept-2

Кога станува збор за преносот новиот СУВ исклучиво ќе биде достапен со осумстепен автоматски менувач кој снагата ќе ја распределува на системот за погон на сите четири тркала.

Претставувањето на овој модел е најавено за наредната година, па така наскоро би можеле да ги очекуваме првите шпиунски фотографии од овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП