30 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигнува новoто Ауди ТТ

Пристигнува новoто Ауди ТТ

audi-tt-2014-1

Новиот Ауди ТТ купе во салоните би требало да се најде во почетокот на 2014-та година, а вчера се појавија првите официјални фотографии од овој модел. Новиот ТТ ќе работи на добро познатата платформа „MQB“, а со сигурност ќе биде полесен, поубав и нормално подобар.

Инженерите на Ауди се труделе новиот ТТ да биде достоен противник на Порше Боксер. Колку биле сериозни говори и фактот дека овој модел ќе биде само 35 килограми потежок од Ауди А1. Зголемено е меѓуосовинското растојание, намалена е потрошувачката и унапредена е емисијата на штетни гасови, а ќе биде понудена и кабрио верзија.

Од мотори се очекуваат 1.8 и 2.0 TFSI бензински со снага од 180 до 220 коњски сили, како и дволитарски TDI агрегат со 168 KS. Врв на понудата ќе биде 2.0 литарски турбо-бензински мотор со 275 KS и 380Nm вртежен момент, додека верзијата „TT-RS“ ќе добие освежен петцилиндричен TFSI турбо-бензински мотор со 375 KS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП