22 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ новата сезона ќе ја започне на АТП-турнирот во Доха

Ѓоковиќ новата сезона ќе ја започне на АТП-турнирот во Доха

Новак Ѓоковиќ новата сезона ќе ја започне на АТП-турнирот во Доха, соопшти организаторот.

Ѓоковиќ, кој годината ја заврши на 12. место на АТП-листата, поради повредата на лакотот, направи долга пауза. Тој не играше од четврт-финалето на Вимблдон кога му го предаде мечот на Томаш Бердих.

Инаку, официјално на терените Србинот ќе се врати на егзибицискиот турнир во Абу Даби.

АТП-турнирот во Доха се игра од 1 до 7 јануари, а учеството го потврдија Доминик Тим, Пабло Карењо-Буста, Томаш Бердих, Жо-Вилфред Цонга…

Овој турнир за учесниците е подготовка за првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен.

Ѓоковиќ ја брани титулата во Доха, тој на почетокот на годината во финалето го победи Енди Мареј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар