25 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар се противел да замине од Барса

Нејмар се противел да замине од Барса

Нејмар во последен момент се обидел да го стопира својот трансфер во Пари Сен Жермен, открива весникот „Марка“.

Мадридскиот весник пишува дека Бразилецот пред потпишувањето на договорот го побарал претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу, за овој да ја откаже целата зделка.

Плачел и се обидувал да го стопира својот трансфер, а според весникот, двапати му се јавил на Бартомеу.

И покрај противењето на Нејмар, трансферот е комплетиран бидејќи за неговата реализација решил таткото Нејмар сениор, кој воедно е и менаџер на својот син.

За потсетување, ПСЖ во летниот преоден рок уплати 222 милиони евра и ја активира откупната клаузула која Нејмар ја имаше во договорот со Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП