18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолска меѓу носителите на Мундијалот

Полска меѓу носителите на Мундијалот

На многумина сè уште не им јасно како Полска успеа да избори статус на носител во пресрет на ждрепката за Светското првенство во Русија.

Полјаците, кои реално не се во кругот на фаворити за титулата и не се во самиот светски врв, со мал трик, дозволена измама, успеаја да бидат меѓу осумте селекции кои ќе бидат носители на ждрепката.

Полска направи трик, или измама, со пријателските натпревари, чии резултати влегуваат во пресметките на ФИФА кога се прави ранг-листата на најдобрите во светот.

Имено, откако на ЕВРО 2016 испаднаа во четврт-финалето, Полјаците одиграа само еден пријателски натпревар, против Словенија (1:1).

Многу мудро, тие сфатиле дека на пријателските натпревари можат само да губат бодови. Додека Шпанија и Англија играа меѓусебно, заработуваа милиони и во пријателските натпревари го загубија статусот на носители, Полјаците одмораа и ги чуваа бодовите на ФИФА-листата кои ги освојуваа во квалификациите.

За ранг-листата на ФИФА се сметаат бодовите освоени во последните четири години и тоа така што бодовите се собираат со бројот на одиграни натпревари, а во една календарска година секоја репрезентација мора да одигра најмалку пет натпревари.

Сите бодови од последната година се сметаат, од втората година се сметаат 50 отсто од освоените бодови, од третата 30 отсто, а од четвртата 20 отсто.

Полјаците решиле во 2017 година да не играат пријателски натпревари сè до октомври, односно до моментот кога ФИФА ја заклучи листата според која се одредуваа носителите за Светското првенство.

Во ноември Полска одигра два натпревари, со Уругвај играше 0:0, а од Мексико загуби 0:1, но тоа не ги загрижи многу бидејќи со стратегијата тие веќе беа влезени меѓу осумте носители на ждрепката.

На Полска ѝ помогна и фактот што во квалификациите немаше премногу силна група и во конкуренција на Данска, Црна Гора, Романија, Ерменија и Казахстан лесно го освои првото место победувајќи на осум од десетти одиграни натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП