10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTencent го објави својот најсилен раст од пред 7 години

Tencent го објави својот најсилен раст од пред 7 години

Кинеската компанија „Tencent Holdings“ забележа најсилен раст од повеќе од седум години, радувајќи се на успехот на игри како „Honour of Kings“ и брзиот развој на својот бизнис со интернет рекламата, пишува „Bloomberg“.

„Tencent“ забележа 61% скок на приходите до 65,2 милијарди јуани (9,8 милијарди долари) за кварталот кој заврши во септември, а ја надмина прогнозата за 61 милијарди јуани. Ова е најголемото зголемување на приходите од продажба од 2010-та година, кога неговите приходи беа само четиринаесет од сегашното ниво. Добивката исто така ги надмина прогнозите.

„Tencent“, која ја има апликацијата за разговор на „WeChat“, продолжува да нуди хит игри, потпирајќи се на попаметните реклами, за да им ги покаже на своите милијарди потрошувачи.

Мобилната игра „Honour of Kings“ помогна за зголемување на приходите од игри за паметни телефони со 84% во периодот. „Tencent“, која поседува 12% од акциите во компанијата мајка на „Snapchat“ – „Snap“, во моментов е во потрага по нови извори на раст во облачните и финансиските услуги, како и во областа на киното и музиката.

„Игрите ќе останат клучен извор на приходи и во иднина“, коментира Бенџамин Ву, аналитичар во консултантската компанија „Pacific Epoch“. „Клучниот наслов „Honour of Kings“ ќе ги задржи своите бруто приходи и во следната година“.

Нето профитот скокна за 69 отсто на 18 милијарди јуани, што исто така ги надминува очекувањата за 15,8 милијарди јуани.

Акциите на „Tencent“ ја затворија берзанската трговија со 1,3% пад на цената пред објавувањето на финансиските извештаи. Акциите на „Naspers“, главен акционер во компанијата, ја зголемија својата вредност во Јоханесбург за 4,1% на рекордно високо ниво.

„Ние веруваме дека во 2018-та година компанијата ќе продолжи да расте со развојот со започнување силни игри. Корејските игри одложени во 2017-та година ќе се појави следната година“, посочува Ву.

На долг рок, компанијата ќе инвестира милијарди долари во истражување во областа на вештачката интелигенција. „Tencent“ тврди дека развил автономнен систем за возење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП