6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДождот го одложи натпреварот Скопје-Шкупи

Дождот го одложи натпреварот Скопје-Шкупи

Иако дождот веќе имаше одложено еден натпревар (Скопје-Шкупи) останатите тимови во македонската Прва лига и на лоши временски услови постигнаа дури 20 голови на четирите преостанати мечеви од 15. коло.

Вардар ја продолжи „рехабилитацијата“ по слабите резултати во октомври со импресивна 5:2 победа на гости кај Ренова, Пелистер и Академија Пандев одиграа неверојатен меч со седум гола, во кој гостите од Струмица на крајот си заминаа со три бода по 3:4 победата, Работнички го „торпедираше“ тимот на Победа со 4:0, додека Шкендија од гостувањето во Кратово кај Силекс стигна до 2:0 победа.

Вардар уште во шестата минута стигна до водство во Тетово преку автоголот на Велија, а седум минути подоцна беше 0:2 по соборувањето на Хуан Фелипе во пеналтикот, по што од белата точка сигурен беше Дејан Блажевски. Ренова се врати преку Арџент Гафури во 26. минута, но вардарци преку новото засилување Максим Максимов ја вратија разликата од три гола четири минути подоцна. Гафури не им даде на шампионите да здивнат откако намали на 2:3, за на крајот на полувремето Хуан Фелипе со гол од слободен удар да зголеми на 2:4. Во второто полувреме немаше вакво гол-шоу, и само Итало во последните минути од мечот го постави конечниот резултат, 2:5.

Благодарение на рутинската победа во Кратово, Шкендија останува убедливо на првото место со 37 поени, дури 11 повеќе од Вардар, иако „црвено-црните“ имаат два меча помалку поради обврските во Лигата на Европа. Академија Пандев го одржува темпото со лидерите со 24 поени.

РЕЗУЛТАТИ, 15.КОЛО

Скопје – Шкупи одложено

Пелистер – Академија Пандев 3:4

Работнички – Победа 4:0

Ренова – Вардар 2:5

Силекс – Шкендија 0:2

ТАБЕЛА: 1.Шкендија 37, 2.Вардар 26, 3.Академија Пандев 24, 4.Силекс 22, 5.Работнички 19, 6.Ренова 17, 7.Пелистер 15, 8.Шкупи 15, 9.Победа 15, 10.Скопје 9.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП