30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle го реорганизира бизнисот со храна за бебиња

Nestle го реорганизира бизнисот со храна за бебиња

„Nestle“, најголемата прехранбена компанија во светот, објави дека ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња за да се обиде да ги подобри своите перформанси, објави „Ројтерс“.

Швајцарската компанија објави дека од 1-ви јануари, поделбата ќе биде управувана регионално, а не глобално.

„Nestle“ рече дека ќе создаде „стратешка деловна единица“ за одржување на глобалната стратегија која ќе управува со глобалните функции како што се иновациите, управувањето со квалитетот, усогласеноста и глобалниот капацитет за производство.

Менаџерите на бизнисот со храна за бебиња ќе бидат наведени посебно за трите региони и ќе имаат за цел да ја имплементираат оваа стратегија на локалните пазари.

„Новата организација ќе му дозволи на бизнисот со храна на „Nestle“ да постигне забрзан органски раст и да постигне подобри перформанси“, објавија од „Nestle“.

„Пофлексибилната и ефикасна структура ќе и овозможи на компанијата да реагира побрзо на брзо менувачките параметри на локалните потрошувачи, развојните регулативи и потрошувачите и да ја поттикнат побарувачката за прилагодени решенија“.

„Nestle“ е еден од најголемите светски производители на детска храна и лидер на клучниот кинески пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП