3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПознат е распоредот на барабаните пред ждрепката за Мундијалот

Познат е распоредот на барабаните пред ждрепката за Мундијалот

По завршувањето на интеконтинеталниот реванш помеѓу Перу и Нов Зеланд, во кој победата ја однесоа Перуанците, познати се сите 32 репрезентации кои наредното лето ќе се борат за титулата светски првак на Мундијалот чиј домаќин ќе биде Русија.

Со првиот пласман на светско првенство уште од 1982 година Перуанците си обезбедија место во вториот барабан пред ждрепката која ќе се случи на 1 декември во Москва.

Инаку, ФИФА  првпат распоредот на барабаните го определи според пласманот на репрезентациите на ФИФА-листата.

Распоред на репрезентациите:

1. Русија, Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Франција
2. Перу, Шпанија, Швајцарија, Англија, Колумбија, Мексико, Уругвај, Хрватска
3. Иран, Сенегал, Египет, Тунис, Шведска, Костарика, Данска, Исланд
4. Србија, Нигерија, Австралија, Јапонија, Мароко, Панама, Јужна Кореја, Саудиска Арабија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП