19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏампјеро Вентура повеќе не е селектор на Италија

Џампјеро Вентура повеќе не е селектор на Италија

Џампјеро Вентура веќе не е селектор на Италија по националната катастрофа, елиминацијата од Шведска во баражот за пласман на Светското првенство.

„Аѕурите“ не се на мундијалот првпат од 1958 година по 0:0 ремито на „Сан Сиро“, кое дојде по 1:0 поразот во Стокхолм. Вентура одби да даде оставка по елиминацијата велејќи дека треба да разговара со претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Карло Тавекио.

„Првата точка на состанокот на ФИГЦ беше за водството на ‘аѕурите’ и од денеска Џампјеро Вентура веќе не е селектор на националниот тим“, вели соопштението од ФИГЦ.

Вентура го замени Антонио Конте по успешниот настап на Евро 2016, каде што загубија од Германија на пенали во четврт-финалето. За една и пол година на чело на репрезентацијата, Италија не успеа да обезбеди директно место од групата Г (одигрувајќи, меѓу другото, и 1:1 со Македонија во Торино) и мораше да игра бараж со Шведска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП