27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКошаркарките декласирани во Шведска

Кошаркарките декласирани во Шведска

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа висок пораз во Шведска 91:51 (20:18, 23:12, 22:13, 26:8) во натпревар од второто квалификациско коло за пласман на Европското првенство.

Македонските кошаркарки, кои добро се истрошија во саботата против Италија, едноставно немаа сили да ѝ се спротивстават на Шведска. Селекторот Марјан Лазовски и овој меч го играше само со шест кошаркарки, кои на домаќинките им парираа добро во првата четвртина.

Во другите три македонските девојки, едноставно, немаа сила и свежина за да сторат нешто повеќе, а селекцијата на Шведска тоа максимално го искористи.

Американката Гивенс беше најдобра кај Македонија со 18 поени, 7 скока и 2 асистенции, Митрашиновиќ заврши со 17 поени и по 4 скока и асистенции. Шведска ја предводеше Захуи со 19 поени и 16 скока.

Наредниот натпревар во квалификациите македонските кошаркарки ќе го одиграат на 10 февруари в година кога во Скопје ќе гостува Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП