4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРадичевиќ: Со полна сала до шеста победа

Радичевиќ: Со полна сала до шеста победа

ЖРК Вардар в петок во 19 часот ќе се обиде да го комплетира успешниот поход на натпреварите по групи во Лигата на шампионите кога ќе го пречека германскиот Турингер со скор од 5 победи во 5 меча.

Европските вицешампионки веќе се пласираа во следната фаза, но со триумф над Турингер ќе обезбедат осум поени за следната групна фаза, која се игра во февруари и јануари во група со првите три тима од групата Д. Турингер, од друга страна, уште има теоретски шанси за пласман. Јованка Радиќевиќ бара полна сала за сигурна победа.

„По важната победа во гости кај ФТЦ, малку се опуштивме бидејќи тоа ни беше прва цел. Но, сега веднаш се свртевеме за овој меч со Турингер и на максимални подготовки за она што следува. И тие доаѓаат со намера да победат и овие бодови и ним им се важни. Ништо не значи што ги победивме во гости ако сега не ги сфатиме сериозно. Нема да биде лесно, тие ги играат сите 60 минути на исто ниво, без разлика дали се на гости или дома. Така играа и кај ФТЦ. Треба да имаме максимално сериозна одбрана, тоа ќе биде важен клуч за победа. Заслуживме салата да биде полна, а ние ќе возвратиме со добра партија на терен и победа“, објасни Радичевиќ.

И тренерот, Ирина Дибирова, не сака да се опушта и покрај победата на гости кај Турингер од 21:29.

„Ова е последен меч во групната фаза и е особено важен за нас. Потребни ни се овие бодови за да можеме да пренесеме повеќе бодови во следната фаза. Имаат добра екипа иако ги победивме со осум гола разлика. Тоа сега нема ништо да значи и тие ќе се борат за бодовите бидејќи и ним им е важно да освојат бодови. Ќе се бориме сите 60 минути и верувам дека ќе ги израдуваме навивачите“, изјави Дибирова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП