21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКанаваро: Италијанскиот фудбал го водат мумии

Канаваро: Италијанскиот фудбал го водат мумии

Италијанската фудбалска репрезентација првпат по шест децении нема да настапи на светско првенство, што претставува голем удар за една од најтрофејните фудбалски нации во светот. Италија четирипати била светски шампион, последен пат во 2006 година.

Незадоволството поради неуспехот ќе кулминира во наредните денови, а еден од првите кои својата фрустрација ја изразија на социјалните мрежи е Паоло Канаваро, помладиот брат на легендарниот капитен на азурите Фабио Канаваро.

„Луѓе, не го загубивме пласманот на СП денеска туку пред 15 години кога луѓето кои вложуваат во фудбалот почнаа да носат лоши фудбалери од целиот свет во нашата лига. Такви играчи им ги крадеа местата на домашните фудбалери. Им овозможивме да ја почувствуваат славата, а за тоа се најзаслужни нашите тренери, кои се меѓу најдобрите во светот. Се надевам дека го допревме дното и дека ова е можност да се спроведе целосна реформа во фудбалот. Да им кажеме збогум на мумиите кои го контролираат нашиот фудбал. Време е за помладите, тие треба да добијат шанса. Секоја чест за големиот Буфон, кој можеше да стане првиот во историјата со шест настапи на светските првенства. Се надевам дека неговите солзи се последни кои се пролеани за нашиот фудбал“, напишал Канаваро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП