Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ и МЗТ Скопје Аеродром потпишаа раскинување на договорот по барање на кошаркарот, кој би сакал да добие тим каде што ќе има поголема минутажа.
Mекиќ настапи на четири средби во сино-белиот дрес во АБА-лигата сезонава, со просек од три поени за 17 минути, кои ги минуваше на паркетот. Нешто поголем му е уделот во средбите од домашниот шампионат, каде што просечно реализира седум поени со 2,5 скока.
За македонскиот репрезентативец ова беше четврта сезона во дресот на МЗТ Скопје Аеродром.