27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПалермо ја продолжи соработката со Несторовски

Палермо ја продолжи соработката со Несторовски

Фудбалскиот клуб Палермо на својата официјална интернет-страница објави дека го продолжил договорот со македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Најдобриот стрелец и играч на Палермо, според новиот договор во клубот ќе остане до 30 јуни 2021 година.

„Среќен сум и задоволен што го обновив договорот со клубот кој ми даде доверба и ми овозможи да играм во Серија А и ми направи чест што ми ја додели капитенската лента. Му благодарам на Маурицио Зампарини и на сите во клубот кој сакам да го вратам онаму каде што му е местото, во Серија А“, изјвил Несторовски за клупската интернет-страница.

Палермо во моментов е лидер во Серија Б со 25 бода, а Несторовски е прв стрелец на тимот со девет постигнати голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП