22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал под знак прашалник за настап во Лондон

Надал под знак прашалник за настап во Лондон

Светскиот рекет број 1, Рафа Надал признава дека уште не може да гарантира дека ќе игра на АТП финалето во Лондон, кое почнува овој викенд.

Надал треба да игра со Белгиецот Давид Гофан во првиот меч на турнирот во понеделник, но пред новинарите призна дека повреденото колено може да не издржи.

„Го давам мојот максимум. Се надевам, но ако не сум подготвен до понеделник, нема да бидам таму. Ако се случи нешто негативно, се собираш и си одиш дома. Но, планот е да бидам тука и да се натпреварувам за титулата“, вели Надал, кој двапати беше финалист на АТП финалето, но тој трофеј му недостасува во богатата колекција.

Надал во петокот тренираше со Марин Чилиќ во „О2 Арената“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП