7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСлавољуб Муслин ќе биде новиот селектор на Словенија

Славољуб Муслин ќе биде новиот селектор на Словенија

Поранешниот селектор на Србија, Славољуб Муслин, ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Словенија, пренесува белградскиот весник „Спортски журнал“.

Муслин со Србија избори директен пласман на Светското првенство во Русија, но потоа на општо изненадување спогодбено го раскина договорот со националниот сојуз. Според весникот, го делат само неколку детали пред да ја официјализира соработката со Словенците.

Словенија низ квалификациите ја водеше поранешниот македонски селектор, Среќко Катанец, но во конкуренција на Англија, Словачка, Шкотска, Литванија и на Малта го освои четвртото место во Ф-групата. Поради неуспехот, Катанец си поднесе оставка.

Муслин, кој изминатите денови се поврзуваше и со селекторската функција во репрезентацијата на Босна и Херцеговина, во кариерата бил тренер на многу тимови, меѓу кои се Бордо, Црвена звезда, Левски, Стандард Лиеж.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП