3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏон Оби Микел: Одбив торба полна со пари

Џон Оби Микел: Одбив торба полна со пари

Нигериецот Џон Оби Микел изјавил дека менаџер на неименуван клуб се обидел да им го „украде“ на останатите клубови, така што му понудил „торба полна со пари“.

За Оби Микел биле заинтересирани бројни клубови: Арсенал, Реал Мадрид, Барслеона, по неговите добри игри за Нигерија на Светското првенство за играчи до 17 години.

Тој во 2005 година играше во Норвешка, во фудбалскиот клуб Лин, потоа потпиша привремен договор со Манчестер Јунајтед, но во 2006 година се пресели во Челси.

„Менџерите ми ветуваа многу работи. Еден дојде во мојот хотел и ми донесе торба полна со пари. Не се сеќавам што точно зборуваше, кој клуб го претставува, но се сеќавам на торбата. Во неа имаше 70.000 долари, а ми ја даде со понудата да потпишам некој договор. Потоа ми кажа: „Потпиши тука и ќе добиеш многу повеќе“, рекол за „Скај“, Оби Микел.

„Се мислев што да правам, никогаш немав видено толку пари. Му кажав на секретарот на Фудбалскиот сојуз на Нигерија, а тој ми рече да го игнорирам менаџерот и ми вети дека ќе заминам во многу подобар клуб. По турнирот заминав дома, а потоа во Абуџа го видов генералниот секретар кој ми кажа дека ќе одам во Манчестер Јунајтед. Мојот татко беше пресреќен, а мојата мајка плачеше“, дополнил Оби Микел кој сега игра во кинеската лига за Тјенцин ТЕДА.

Џон Оби Микел е еден од најтрофејните играчи на Челси. Со „сините“ има освоено две титули во Премиер лигата, една во Лигата на шампионите, четири во ФА купот, две во Лига купот и две во Суперкупот на Англија (Комјунити шилд).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП