1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО7.5 милиони евра вреди слободата на Анчелоти

7.5 милиони евра вреди слободата на Анчелоти

ancelotti_PSG5

Карло Анчелоти е на клупата на ПСЖ веќе година ипол, а во тоа време успеа на клубот да му ја донесе шампионската титула за која чекаа дури 19 години.

Сепак како што самиот вели, тој би сакал да си замине од Париз, затоа што за него интерес покажува Реал Мадрид.

Од друга страна последниот збор ќе го имаат првите луѓе на „светците“ кои се сомневаат дека Анчелоти веќе има потпишано преддоговор со „кралевите“. Поради тоа тие предупредија дека целата работа би можела да заврши и на суд.

Во желбата да се пронајде мирно и човечко решение парижаните се подготвени да постигнат компромис.

Со други зборови тоа е откуп на договорот или 7.5 милиони евра колку катарските сопственици ќе бараат од Реал доколку сакаат да го доведат Италијанецот.

Во меѓувреме ПСЖ сака да избегне било какви нови заминувања од клубот, па затоа во наредните денови ќе се обидат да ги обноват договорите со Марко Верати, како и со капитенот Тијаго Силва. А кога е во прашање решението на клупата, Шпанецот Бенитез се споменува како една од опциите.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП