4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов пораз на Карпош Соколи во Еврокупот

Нов пораз на Карпош Соколи во Еврокупот

Карпош Соколи го доживеаја и четвртиот пораз во исто толку натпревари во ФИБА Еврокупот, откако во Скопје со 73:91 беа поразени од унгарскиот Солнок.

Македонскиот вице-шампион имаше солиден старт на натпреварот, добивајќи ја првата четвртина со 26:21, но тогаш следуваше „катастрофата“ во втората четвртина, за на крајот на полувремето да заминат на пауза со единаесет поени разлика (34:45). До крајот на мечот, гостите рутински стигнаа до победата со што останаа на првото место во групата Х, со 3 победи и 1 пораз, идентично како рускиот Нижни Новгород. Карпош Соколи имаат 0-4 скор.

Жарко Чомагиќ постигна 17 поени, а Драган Лабовиќ 15 за Карпош Соколи, а поранешниот играч на македонскиот тим, Кендрик Пери беше безмилосен кон Карпош постигнувајќи 17 поени за да биде најефикасниот кошаркар на натпреварот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП