18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНова победа за Блокотехна во БИБЛ

Нова победа за Блокотехна во БИБЛ

Блокотехна ја продолжи фантастичната низа на резултати откако во четвртиот натпревар во Балканската лига (БИБЛ) стигна до третата победа, овој пат со 98:74 на гости кај Ибар во Рожајe, Црна Гора.

Блокотехна, предводена од Марјан Илиевски на клупата, има 8 победи во деветте официјални натпревари оваа година, во БИБЛ и во македонскиот шампионат, а единствениот пораз го претрпеа од Левски во Софија.

Против Ибар, тимот од Гевгелија водеше од стартот до финишот за импресивна победа. Антон Казарновски имаше 24 поени, додека Двејн Бенџамин додаде 21 поен, 10 скока и 5 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП