5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСо победа Македонија У19 ги започна квалификациите

Со победа Македонија У19 ги започна квалификациите

Фудбалската репрезентација на Македонија, играчи до 19 години, со победа стартуваше на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство, кој денес започна во Скопје.

Младите македонски фудбалери во првото коло забележаа победа над селекцијата на Швајцарија 2:1 (0:1).

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа две различни полувремиња. Првото во кое му дозволија на противникот целосно да ја контролира игратa и констатно да притиска кон голот на Стевковски и второто во кое го притиснаа противникот од самиот почеток и во првите 15 минути направија целосен пресврт.

Надмоќта која ја имаа во првиот дел швајцарците ја материјализираа во 33 минута кога мрежата на Македонија ја затресе Угрниќ.

Македонија пресвртот го направи во интервал од пет минути во второто полувреме, најпрвин дефанзивецот Трајановски одлично реагираше по корнерот на Атанасов и во 56 минута израмни на 1:1, а во 61 минута Атанасов од пенал го постави конечниот резултат.

Наредниот натпревар Македонија ќе го одигра против Белгија на 11 ноември од 13 часот, а во последното коло играчите на селекторот Станојковиќ, на 14 ноември ќе играат против Лихтенштајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП