22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Највреден“ во Европа е Манчестер сити

„Највреден“ во Европа е Манчестер сити

Според анализата на „ЦЕИС Фудбалска опсерваторија“, Манчестер сити го имаат највредниот тим во светскиот фудбал, додека, изненадувачки, Тотенхем е пред големите имиња како Барселона и Реал Мадрид.

Според студијата, Сити има четири играчи кои вредат над 100 милиони евра, и имаат трансфер вредност од 1.2 милијарди евра. Најскап е Кевин де Брујн со сума од 145 милиони евра, а над 100 милиони вредат и Лирој Сане, Рахим Стерлинг и Габриел Жесус.

Тотенхем е втор со 1.17 милијарди евра бидејќи го има еден од највредните фудбалери на светот, Хери Кејн (185.6 милиони евра), но тука се и Деле Али (181.7) и Кристијан Ериксен (92).

Зад англиските гиганти е Барселона со 1.13 милијарди евра и, изненадувачки, Лео Меси (117.3 милиони евра) не е највредниот играч туку тоа е Луис Суарез со 134 милиони евра. Зад нив се Челси, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, додека Пари Сен-Жермен, иако плати 222 милиони евра за Нејмар во текот на летото, е само седми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП