3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛуис Хамилтон навистина не сака да плаќа данок

Луис Хамилтон навистина не сака да плаќа данок

Името на новокрунисаниот четирикратен светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, се појави во „Парадајс пејперс“, документите во кои се открива како светската елита го „крие“ своето богатство.

Документите посочуваат дека Хамилтон преку офшор-компании се „штител“ од плаќање на високиот данок од 3.27 милиони фунти за купувањето на својот приватен авион „Бомбардиер ЦЛ605 челенџер“.

Возачот на Мерцедес го купил авионот во 2013 година преку низа офшор-компании од Британските Девствени Острови, Гернси и Островот Мен, избегнувајќи плаќање данок во Велика Британија. Хамилтон си замина од Обединетото Кралство пред повеќе години за да има престојувалишта во Монако и во Швајцарија.

Според „Сандеј тајмс“, возачот на Мерцедес има лично богатство од 131 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП