11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВентура: Италија ќе биде на СП

Вентура: Италија ќе биде на СП

Италијанскиот селектор Џанпјеро Вентура вели дека воопшто не помислил на пропуштање на Светското првенство во Русија пред баражот против Шведска, обидувајќи се да ги смири нервозите на италијанската фудбалска јавност.

Италија последен пат играше во бараж во 1998 година, кога ја совладаа Русија со вкупен резултат од 2:1, а сега мораат да ја победат незгодната Шведска по релативно слабите квалификации. 69-годишниот Вентура, најстариот селектор во историјата на Италија, беше самоуверен.

„Ова е важен момент за мене и мојата кариера, но и за сите играчи бидејќи дел од нив имаат шанса да почнат нов циклус, а другите имаат незавршена работа. Да се биде на Светско првенство е важно за сите, за младите и за ветераните. Во ниту еден момент не помислив дека е можно да не се квалификуваме. Италија секогаш се кревала за вакви предизвици. Видете – има 65.000 продадени билети за Сан Сиро. Италија никогаш не нè напуштила, нема да ја напуштиме ниту ние“, изјави патриотски Вентура.

Италија последен пат пропушти едно Светско првенство во далечната 1958 година. „Аѕурите“ гостуваат во Шведска во петок, а три дена подоцна ги пречекуваат „викинзите“ во Милано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП