3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗапочнаа подготовките на кошаркарките за дуелот со Италија

Започнаа подготовките на кошаркарките за дуелот со Италија

Селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Марјан Лазовски, во понеделникот со своите избранички ги почна подготовките во пресрет на првиот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство.

Македонскиот селектор уште на стартот се соочи со сериозни проблеми бидејќи од оној тим кој се подготвуваше во летниот период недостасуваат шест кошаркарки, три кои играат во САД и три кои се повредија пред почетокот на квалификациите.

Капитенот Јелена Антиќ има повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото, Ана Тантуровска има две напукнати ребра, повреда која бара мирување од две недели, а од вчера им се приклучи и Ивона Пејковска, која има слична повреда како и Антиќ.

„Јас верувам во овие девојки. Атмосферата која ја има во репрезентацијата ќе ја подигнеме на уште повисоко ниво, а недостигот на квалитет ќе го надополниме со борбеност и агресивност на теренот“, изјави селекторот Лазовски.

Отсуството на овоие шест репрезентативки е голем хендикеп за националниот тим, но како што вели Лазовски, основна цел на стручниот штаб ќе биде притисокот од натпреварот да биде тргнат од кошаркарките и да биде префрлен врз него и неговите соработници.

„Ова се млади кошаркарки од 18-19 години кои првпат се соочуваат со вака сериозни и подготовки и натпревари. Мислам дека тој хендикеп ќе успееме да го амортизираме со агресивност во играта“.

Прв противник на Македонија ќе биде Италија, седмопласирана на последното Европско првенство.

„Италија е сериозен противник, учесник на Европското првенство. Нè очекува тежок натпревар, но очекувам дека во овие пет дена ќе направиме добра хемија во тимот, за да можеме достојно да ` се преtставиме на домашната публика и секако на Италијанките да им пружиме што е можно поголем отпор. Се разбира доколку ни се укаже и најмала шанса ќе се обидеме да ја искористиме и да победиме“, рече Лазовски.

Натпреварот Македонија-Италија се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“. Во Х групата покрај Македонија и Италија уште се и селекциите на Хрватска и Шведска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП