8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInstagram Stories достигна 300 милиони дневни корисници

Instagram Stories достигна 300 милиони дневни корисници

„Instagram Stories“ сега има 300 милиони активни корисници на дневна основа, што значи дека овој сервис е речиси двапати поголем од „Snapchat“, од кој „Instagram“ најмногу ја црпи инспирацијата за својата функција „Stories“.

Марк Цукерберг, извршниот директор на компанијата „Facebook“, oбјави раст на сервисот „Stories“ во рамките во последниот финансиски извештај на оваа компанија.

Исто така е објавено дека и верзијата на „WhatsApp“ функцијата има 300 милиони дневни корисници.

„Instagram Stories“ 250 милиони дневни корисници достигна во текот на јуни, а за само пет месеци доби уште 50 милиони корисници.

Според Цукреберг, фукциите како што се „Stories“, се наменети за зголемување на „добро поминатото време“ во рамките на апликациите на „Facebook“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП