3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто се може Razer Phone – нов телефон за гејмери? (фото+видео)

Што се може Razer Phone – нов телефон за гејмери? (фото+видео)

Моќниот „Android“ на компанијата „Razer“ е опремен со импресивен екран, моќна батерија и посебни звучници. Уредот има едноставно име – „Razer Phone“.

„Razer“ неодамна ја купи „NextBit“, па новиот телефон естетски потсетува на претходните производи кои пристигнуваа од овој кинески производител.

„Razer Phone“ така има карактеристични груби линии на телефоните на „NextBit“ во комбинација со црна и сива боја карактеристична за уредите од „Razer“. Оваа компанија својот нов производ го претстави како „гејмерски телефон“, но со неговите спецификациите ќе бидат задоволни сите корисници.

Под маската

„Razer Phone“ има голем екран со висока фреквенција на работа, добар звук и моќна батерија. Во него е процесоро „Qualcomm Snapdragon 835“ во комбинација со дури 8GB работна меморија. Има 5,7-инчен „IGZO LCD“ екран со прилагодлива работна фреквенција до 120Hz, што е идеално за гледање филмови или играње видео игри. Тоа го овозможува батеријата со капацитет од 4.000 mAh со системот за брзо полнење кој од нула до 80 посто го остварува за помалку од еден час.

„Razer Phone“ има 64GB меморија со опција за надоградба со помош на „microSD“. Задната камера има сензор од 12 MP, a предната од 8 MP. Зa звукот се одговорни звучници со „Dolby Atmos“ звук поврзан со двоен засилувач.

Минус? Уредот е прилично „груб“ и коцкаст, а му недостасува и приклучок за слушалки кои, како што велат од „Razer“, планираат да го решат со продолжеток во стилот на „Apple“.

Перформанси, цена, достапност

„Razer Phone“ е направен за маратонско играње на видео игри. Според „Razer“, корисниците ќе можат да ја играат „Hearthstone“ преку седум часа откако ќе се наполни батеријата, што се импресивно во споредба со други платформи кои често можат да издржат не повеќе од 3 до 4 часа.

Софтверски гледано, „Razer Phone“ не е спектакуларен. Тој го користи „Android Nougat“, a доаѓа со естетски „скин“ кој ги менува сите икони во компаниската неонско зелена.

Телефонот ќе може да се нарача преку официјалната страница на „Razer“, а цената во Америка ќе изнесува 699 долари. На американскиот и европскиот пазар „Razer Phone“ ќе пристигне на 17-ти ноември 2017-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП