17 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 04-05.11.2017

Викенд хороскоп 04-05.11.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ве очекува многу позитивна атмосфера на деловен план. Имате причина за радости. Оние кои се слободни ќе се заљубат во повозрасно лице, оние во врска ќе посакаат брак.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ако сте планирале започнување на приватен бизнис, можете да очекувате поволни околности. Пред вас е шанса за успех. Во љубовта ситуацијата ќе биде стабилна.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Во текот на викендот ве очекува прилично опуштена ситуација. Нема да имате премногу деловни обврски. Во љубовта имате прилика да се смирите со саканото лице, доколку деновиве сте имале некои кавги.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Во вашата глава ќе се таложат разни планови за иднината, но обидете се малку да ја намалите тензијата. Оние кои се сами, викендов имаат можност да запознаат привлечно лице.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Задоволни сте со своите постигнувања и сметате дека сте направиле голем успех. Сите ќе бидат горди на вас. Во љубовта време е за посериозни чекори.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Можете да се надевате на сосема стабилна ситуација кога станува збор за работата и финансиите. Во љубовта препорака е да го релаксирате саканото лице, не да го заморувате.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Викендов нема да биде поволен за деловни патувања, па затоа откажете ги. Не правете ги работите со сила. Во љубовта лесно ќе влегувате во конфликт со партнерот.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можно е викендов да немате премногу среќа во работата, па наместо да форсирате, смирете се. Во љубовта можено е покрај погрешно лице да барате емотивна стабилност.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можно е некој од соработниците од минатото повторно да ве контактира за некои нови деловни можности. Во љубовта лицето кое ви се допаѓа е променливо, нема да знаете што да правите.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

На работното поле ќе доживеете значително подобрување кога станува збор за заработката. Ќе добиете јавни пофалби. Во љубовта доколку сте сами трудете се да го освоите лицето кое ви се допаѓа.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Доколку сте планирале некои ризични деловни инвестиции, викендов е поволен за тоа. Во љубовта можно е уште да не сте подготвени за посериозна врска со саканото лице.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можете да имате комплетна доверба во вашиот колега, соработник, бидејќи имате иста цел. Во љубовта оние кои планирале да предложат брак, ќе добијат позитивен одговор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП