21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗатворен случајот против Мурињо, го платил данокот

Затворен случајот против Мурињо, го платил данокот

Жозе Мурињо во петокот се најде пред шпанскиот суд, на рочиште по повод обвиненијата за затајување данок. По излегувањето од судот Португaлецот на новинарите им изјавил дека случајот против него е затворен.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид беше обвинет дека во периодот од 2011 до 2012 година затаил данок во износ од 3.300.670 евра. Шпанското обвинителство објави дека тој не ги пријавил приходите од продажбата на своите фотографии.

„Прво ми беше кажано дека мојата даночна состојба е легална. Неколку години подоцна ми беше кажано дека е отворена истрага против мене, дека тоа морам да го средам и да платам ‘X’ сума на пари. Не се бунев, платив и случајот е затворен“, рекол актуелниот менаџер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед.

Бројни спортисти изминатите години се цел на шпанските даночници. Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, и неговиот татко минатата година беа прогласени за виновни по три точки од обвинението. Меси ја плати сумата што ја одредија даночниците, а од судот доби 21-месечна условна затворска казна.

Кристијано Роналдо, Марсело, Рикардо Карваљо, Анхел ди Марија, Радамел Фалкао, Хавиер Маскерано и Фабио Коентрао се само некои од фудбалерите кои се под истрага на шпанските даночни органи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП