4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОKoло Туре се сели во Ливерпул?

Koло Туре се сели во Ливерпул?

Kolo-Toure-001

Менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс се надева дека ќе го обезбеди потписот на Коло Туре. Договорот на дефанзивецот со Манчестер Сити истекува за неколку дена, а раководството на „граѓаните“ не планираат да му предложат нов договор.

Така Туре ќе стане слободен играч и секој тим може да го доведе во своите редови без да плати оштета.

Во моментов најупорни за неговиот потпис се од Ливерпул, каде што имаат итна потреба од искусен и стабилен централен дефанзивец откако Џејми Карагар се откажа од фудбалот на 35 годинишна возраст.

Друг проблем на Роџерс претставува желбата на Себастијан Коатес да го напушти клубот. Ситуацијата околу Шкртел исто така не е сигурна. Затоа Роџерс сака по секоја цена да го привлече 32-годишниот Туре, а покрај него е на листата на желби е и дефанзивецот на Твенте, Даглас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП