3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАгуеро стана најдобар стрелец во историјата на „граѓаните“

Агуеро стана најдобар стрелец во историјата на „граѓаните“

Аргентинецот Серхио Кун Агуеро синоќа стана најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Сити.

Агуеро на дуелот во Неапол во рамките на Лигата на шампионите го постигна својот 178. гол за клубот кој годинава го прослави својот 137. роденден.

На првото место на вечната листа Агуеро го престигна Ерик Брук, а зад него и Томи Џонсон, Колин Бел, Џо Хејз, Били Мередит, Френсис Ли, Томи Брауел.

Аргентинецот во Сити се пресели во 2011 година од Атлетико Мадрид и досега во кариерата за „граѓаните“ одигра 264 натпревари. Кариерата ја почнал во 2006 година во Индепендиенте.

Манчестер Сити во средата славеше над Наполи 4:2, Агуеро го постигна третиот гол, а по овој меч Сити избори пласман во осмина-финалето во Лигата нашампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП