6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРафаел Надал по четврти пат си го обезбеди првото место на АТП-листата

Рафаел Надал по четврти пат си го обезбеди првото место на АТП-листата

Рафаел Надал четврти пат си го обезбеди првото место на АТП-листата на крајот на годината кога го совлада младиот Јужнокореец Хјеон Чунг со 7:5/6:3 во второто коло на мастерсот во Париз.

31-годишниот Надал е најстариот број 1 на крајот на годината и прв тенисер што има над 30 години кој е на првото место на крајот на годината од воведувањето на компјутеризираниот рејтинг-систем во 1973 година.

Ова е само крунисување на фантастичната сезона за Надал во која стигна до 10. титула од „Ролан Гарос“ и третиот трофеј од САД опен и освои уште четири титули (мастерс-турнирите во Монте Карло и Мадрид, Барселона опен и Кина опен минатиот месец).

Шпанецот цела сезона беше вклучен во тесна битка со Роџер Федерер за првото место откако досегашните доминантни Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј имаа сезона одбележана со повреди и слаба игра. Федерер беше во игра да го замени Надал на првото место, меѓутоа во последен момент реши да се повлече од турнирот во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП