„Samsung“ на својот претстоен предводник, моделот „Galaxy S9“, би можел да отстрани две важни работи – 3,5 mm влез за слушалки и скенерот за отпечаток на прст.
Се очекува јужнокорејскиот гигант новиот смартфон да го претстави на почетокот на 2018-та година.
Неодамна имавме можност да дознаеме дека „Samsung“ има поднесено барање за заштита на патент во врска со помал, воедно и побрз скенер за отпечаток на прст. Според изворот, новиот скенер би требало да се наоѓа на предната страна на уредот.
Меѓутоа, неколку дена подоцна „Ice Universe“ објави дека споменатиот скенер нема да биде дел од „дветката“ на „Samsung“, што во превод значи дека овој модел би требало да се потпира исклучиво на 3D системот за препознавање на лице.
Еден друг извор (techdroider) потенцира дека 3,5-милиметарскиот аудио влез исто така ќе биде отстранет од финалниот производ. Истиот извор ги објави и најверојатните спецификации на уредите „Galaxy S9“ и „Galaxy S9+“ кои исто така потврдија дека „Samsung“ се откажува од 3,5-милиметарскиот аудио влез.
Според изворот, димензиите на моделот „Galaxy S9“ ќе бидат 144,1 x 68,1 x 8,0 милиметри, екранот ќе има дијагонала од 5,8-инчи и од двете страни на уредот ќе има по две камери (2x 16 MP позади и 2 x 12 MP напред). Зa „Plus“ моделот ги спомена димензиите од 155,2 x 73,4 x 8,1 милиметри, 6,2-инчен екран и иста конфигурација и резолуција на камерите.
Двата модели ќе имаат сертификат „IP65/68“ кој гарантира дека идната „деветка“ ќе биде отпорна на вода и прашина.
Меѓутоа, додека самиот производител не ги соопшти спецификациите, сето ова мора да се смета како шпекулации кои на крајот може, но и немора да се покажат како точни.