16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP заврши со купувањето на бизнисот со печатачи на Samsung

HP заврши со купувањето на бизнисот со печатачи на Samsung

Производителот на принтери и персонални компјутери „HP“ објави дека го има завршено купувањето на бизнисот со печатачи на „Samsung Electronics“ во зделка која се проценува на 1,05 милијарди долари, соопштува „CNBC“.

Ова купување ќе го прошири портфолиото на „НР“ и ќе и помогне на компанијата да се интервенира на пазарот на копирни машини со големина на хартијата „АЗ“, кој е во вредност од 55 милијарди долари, преку мултифункционални печатачи. Уредите се лесни за употреба и се претставуваат исто толку добро колку и обичните копири, вели компанијата.

„Како што ја предизвикуваме преродбата (на пазарот) на принтери, возбудени сме да ги собереме на едно место најдобрите и најпаметните таленти во индустријата“, вели Дион Вајслер, претседател и извршен директор на „HP“. „Заедно ќе изградиме над 30-годишна историја на лидерство меѓу печатачите, за да ја забрзаме стратегија, да го размрдаме пазарот со нови можности и да им обезбедиме на нашите клиенти и партнери единствени и високоиновативни решенија при печатењети“, дополнува Вајслер.

Овој договор беше објавен во септември минатата година.

Како дел од договорот „НР“ ќе има пристап и до над 6.500 патенти за принтери на „Samsung“ и работна сила од речиси 1.300 вработени – експерти во ласерските технологии, во форма на електроника и додатоците.

„Samsung“, како дел од договорот, ќе направи капитална инвестиција од 100 милиони до 300 милиони долари во „НР“ преку купувања на отворениот пазар.

Во исто време на пазарот на компјутери и принтери се разгледува три-димензионалното печатење како потенцијална област на раст. Вајслер изјави за „CNBC“ минатиот месец дека „HP“ влегува во пазарот на 3D печатачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП