Овен (21.03 – 20.04)
Пред вас е малку потежок ден, па немојте да очекувате дека ќе ги разрешите деловните дилеми. Во љубовта ќе бидете пасивни и без волја, од нешто сте разочарани.
Бик (21.04 – 21.05)
Интуитивно ќе реагирате на деловниот план и ќе донесе точни одлуки. Ве очекуваат финансиски промени. Во љубовта ве очекува прилика на саканото лице да му покажете колку ви значи, направете го тоа најдобро што можете.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Вашата нервоза нема да може добро да се одрази на деловното опкружување. Потрудете се да се смирите. Можете да очекувате многу убава атмосфера со саканото лице. Задоволни сте со љубовната состојба.
Рак (22.06 – 22.07)
Можно е денес да сте малку деконцентрирани и генерално да не сте и премногу посветени на работата. На љубовниот план имате некои илузии кои наскоро морате да ги разбиете.
Лав (23.07 – 22.08)
Можете да очекувате генерално добра состојба на полето за работа. Повеќе нешта ќе ви одат од рака. Можеби љубовната ситуација не е најдобра но како да не сакате сега да се занимавате со тоа.
Девица (23.08 – 22.09)
Пред вас е ден во кој ќе успеете да разоткриете нечии нечесни намери – да фатите измамник или крадец. Во љубовта ве очекува нејасна комуникација со саканото лице.
Вага (23.09 – 22.10)
Подготвени сте да направите драстични промени на деловен план, само чекате да ви се укаже адекватна прилика. Не сте сосема задоволни со состојбата на љубовното поле.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Иако се обидувате некои работи да ги согледате рационално, сепак во моментов не можете да ја видите сосема јасната слика за некои случувања. Во љубовта ве очекува нова љубовна приказна која нема многу да ви се допадне.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Имате впечаток дека состојбата на деловен план е хаотична, особено доколку се занимавате со трговија или администрација. Во љубовта ќе ви се допадне една личност на која нема да можете да и пријдете поради некои причини.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денес ќе имате проблематичен деловен ден, наеднаш ќе се појави некој проблем кој ќе ви ги расипе сметките. На љубовното поле без некои поголеми промени. Најдете време за одмор.
Водолија (21.01 – 19.02)
Финансиската ситуација прилично ќе ви биде хаотична. Можно е ни сами да не знаете колку имате, а колку трошите. На полето за љубов чезнеете за мир и сигурност. Потребен ви е партнер кој секогаш ќе биде покрај вас.
Риби (20.02 – 20.03)
Денот не е добар за работа и немојте да очекувате дека денес ќе завршите некои важни нешта. Во љубовта ќе чувствувате благо разочарување, ќе морате поискрено да разговарате со саканото лице.