21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Нови победи за „ѓаволите“ и „светците“, деби на Ристовски

ЛШ: Нови победи за „ѓаволите“ и „светците“, деби на Ристовски

Манчестер јунајтед ја искористи неискусноста на младиот голман на Бенфика, Миле Свилар да стигне до неубедлива 2:0 победа на „Олд Трафорд“. Свилар, најмладиот голман кој играл во ЛШ, прво го одбрани пеналот на Марсијал во 15. минута, но потоа прими смешен гол по ударот на Немања Матиќ во последните минути од полувремето, кога топката од стативата се удри во него и влезе во голот.

Мечот беше запечатен во 78. минута, кога повторно од пенал, овојпат Дејли Блинд не згреши за Јунајтед да обезбеди пласман во следната фаза. ЦСКА Москва направи пресврт и победи со 2:1 на гостувањето кај Базел за да се израмни со Швајцарците на второто место на табелата.

Пари Сен-Жермен го „здроби“ Андерлехт со 5:0 благодарение на хет-трикот на Лајвин Курзава во второто полувреме, откако претходно Верати и Нејмар стрелаа во првото полувреме. ПСЖ има четири победи во четири меча во ЛШ оваа сезона со гол разлика од неверојатни 17:0. Баерн победи во Шкотска кај Селтик со 2:1 за да остане на второто место со 9 поени, за да продолжи „ренесансата“ под Јуп Хајнкес.

Челси и Антонио Конте не си поминаа најдобро на гостувањето во Рим, откако Рома ги „уништи“ со 3:0 за да го преземе првото место во групата Ц и да биде на чекор до пласман во осминафиналето.

Херој на мечот беше Стефан Ел Шарави, кој само што започна мечот го шокираше Тибо Куртоа, за во 30-тата минута да ја воодушеви публиката на преполниот „Олимпико“ со уште еден гол. Диего Пероти во 63. минута само стави сол на раната, за Челси да го загуби првото место во групата.

Стефан Ристовски доби шанса да дебитира во натпреварите од Лигата на шампиони со својот Спортинг од Лисабон, за да помогне португалскиот тим да стигне до реми со Јувентус (1:1) со што останаа на третото место во групата Ц зад Барселона и Јувентус.

ГРУПА А

Базел – ЦСКА Москва 1:2

Манчестер јунајтед – Бенфика 2:0

Табела: 1. Манчестер ј. 12, 2. Базел 6, 3. ЦСКА Москва 6, 4. Бенфика 0

ГРУПА Б

Селтик – Баерн Минхен 1:2

Пари Сен-Жермен – Андерлехт 5:0

Табела: 1. ПСЖ 12, 2. Баерн М. 9, 3. Селтик 3, 4. Андерлехт 0

ГРУПА Ц

Атлетико Мадрид – Карабах 1:1

Рома – Челси 3:0

Табела: 1. Рома 8, 2. Челси 7, 3. Атлетико М. 3, 4. Карабах 2

ГРУПА Д

Олимпијакос – Барселона 0:0

Спортинг – Јувентус 1:1

Табела: 1. Барселона 10, 2. Јувентус 7, 3. Спортинг 4, 4. Олимпијакос 1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП