6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРекордот на Марадона влијае врз Хамшик

Рекордот на Марадона влијае врз Хамшик

Марек Хамшик е далеку од своите најдобри изданија, а причината е само една – Диего Армандо Марадона.

Капитенот на Наполи, откако се доближи на само еден гол до рекордот на легендарниот Аргентинец, не може да постигне гол.

Сезонава Словакот само еднаш бил стрелец, за Наполи има постигнато 114 гола, а Марадона еден повеќе.

„Рекордот на Марадона има влијание, тоа е нормално. Треба што поскоро да го израмни рекордот. Мој совет е да го шутира следниот пенал кој ќе биде досуден за Наполи за да си ја разбистри главата“, рекол менаџерот на Хамшик, Мартин Петрас.

Наполи наредниот меч го игра утревечер кога ќе го пречека Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП