6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаниери ја одбил бесрамната понуда од Лестер

Раниери ја одбил бесрамната понуда од Лестер

Челниците на Лестер имале желба да го вратат на клупата Клаудио Раниери, но Италијанецот без размислување ја одбил понудата.

Како што пренесе „Коирере дело Спорт“, претседателот Вишај Шривадханапрабха го побарал поранешниот менаџер и му понудил да го наследи отпуштениот Крег Шекспир, кој во најуспешната сезона на Лестер му беше помошник на Раниери.

„Не благодарам“, кратко и јасно ја одбил понудата популарниот „Тинкерман“.

Раниери пред две сезони со Лестер приреди едно од најголемите изненадувања во историјата на модерниот фудбал откако во конкуренцијата на великаните на англискиот фудбал се закити со премиерлигашката титула.

Меѓутоа, во февруари, поради серијата лоши резултати, бизнисменот од Тајланд реши да му врачи отказ на Раниери и тогаш за менаџер го постави асистентот на Италијанецот Шекспир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП