30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОAнтиќ паузира против Бамберг, но се враќа за Партизан

Aнтиќ паузира против Бамберг, но се враќа за Партизан

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ нема да биде во составот на Црвена звезда за натпреварот во Евролигата против Бросе Бамберг.

Антиќ поради полесна повреда го пропушти синоќешниот натпревар Црвена звезда-МЗТ Скопје (112:73), а според тренерот Душан Алимпијевиќ, тој нема да биде во тимот и против германскиот шампион.

„Перо имаше проблеми и пред мечот со Макаби, повреда на листот на ногата ја влече уште од Фенербахче. Сега таа повторно се активира и прашањето беше само кога ќе го решиме тоа. Решивме тоа да биде сега. Нема да игра против Бамберг, но в петок ќе почне да тренира и ќе биде во тимот за натпреварот со Партизан“, рекол Алимпијевиќ.

Црвена звезда ќе го пречека Бросе Бамберг в четврток, а наредниот понеделник во АБА лигата ќе го одигра дербито со Партизан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП