3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: МВП на колото е Луковиќ, а најдобар стрелец Трајковски

АБА: МВП на колото е Луковиќ, а најдобар стрелец Трајковски

Центарот на Морнар од Бар, Урош Луковиќ, е МВП на шестото коло во регионалната АБА лига.

Поранешниот центар на МЗТ го предводеше Морнар до победата над Задар 80:70. Луковиќ за 26 минути забележа 18 поени, 7 скока, 4 блокади и една аситенција, што му донесе индекс 31.

Покрај Луковиќ, индивидуално во шестото коло се истакнаа Бојан Трајковски, кој беше најефикасен во ова коло, односно Девин Оливер и Најџел Вилијамс-Гос.

Трајковски беше единствентата светла точка во дебаклот на МЗТ во Белград против Црвена звезда. Тој постигна 30 поени.

Оливер од Олимпија забележа 11 скокови, а Вилијамс-Гос од Партизан имаше 13 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП