4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорче Даскаловски ги напушти Карпош Соколи

Борче Даскаловски ги напушти Карпош Соколи

Македонскиот вицешампион Карпош Соколи се раздели со тренерот Борче Даскаловски ден по поразот на домашен терен од страна на Фени индустри.

„Оставката ја поднесов од етички причини кога клубот се најде во тешка и независна ситуација. Јас сум професионалец и проценив дека во моментот не можам повеќе да му помогнам на тимот. Му посакувам сѐ најдобро на Карпош Соколи со желба бргу да се консолидира и да се врати онаму каде што му е местото во македонската кошарка. Воедно, му изразувам огромна благодарност на претседателот Огнен Дедиќ за шансата што ми ја укажа“, изјави Даскаловски.

Соколи денес играат меч од Еврокупот против унгарскиот Фалко Вулкано, а на клупата ќе биде досегашниот помошник на Даскаловски, Ангел Тасевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП