20 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone X e прилично скап за поправка

iPhone X e прилично скап за поправка

„Apple“ го обезбеди „iPhone X“ во пред-продажба, а според информациите голем број на луѓе сакаат во своја сопственост да го имаат овој телефон од 999 долари. Најновите информации сугерираат дека испораката на телефонот е продолжена на 5-6 недели.

Интересен е деталот кој „Apple“ го откри овие денови, а тоа е цената за поправка на моделот „iPhone X“. Компанијата го објави ценовникот за поправка на моделите кои не се покриени од „AppleCare+“ поддршката. Ова значи доколку имате тенденција да го „испуштате“ вашиот телефон, никако не би требало да ја избегнете „AppleCare+“ поддршката.

Само поправката на екранот на моделот „iPhone X“ ќе чини 279 долари, додека за други оштетувања ќе мора да се плати дури 549 долари. Само за споредба, ова се цените за „iPhone 8 Plus“ – 169 долари и 399 и 149 долари и 349 долари за iPhone 8.

Од друга страна, со вклучување на поддршката „AppleCare+“ (која чини 199 долари), „iPhone X“ ќе може да се поправи за 29 долари доколку станува збор за екранот и 99 долари за други дефекти.

Овие цени секако важат за САД и веројатно ќе бидат поразлични во однос на останатите делови од светот каде „iPhone X“ ќе се најде во продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП