17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал поразен во Каталонија (видео)

Реал поразен во Каталонија (видео)

Гордоста на шпанската централна власт Реал Мадрид, во рамките на десеттото коло во Ла Лига, го „положи оружјето“ во срцето на каталонската независност. Џирона е првиот град во Каталонија кој ги спушти шпанските знамиња, а истоимениот прволигаш во своето прво соочување во Ла Лига со „кралскиот клуб“ успеа да победи 2:1 (0:1).

Реал во Џирона одигра лош меч, без енергија и агресивност во играта против исклучително мотивираниот домаќин.

Џирона во раната фаза на натпреварот покажа дека нема намера да се предаде без борба против актуелниот шпански и европски првак.

Пресинг играта на Џирона и ја донесе првата сериозна шанса во 12 минута кога Мафео го погоди десниот дирек од голот кој го бранеше Кико Касиља. реал, кој имаше среча во оваа ситуација, казни во продолжение на таа акција. Бензема повлече контра, ја остави топката за Кристијано Роналдо кој упати удар од 20 метри, Боно успеа да одбрани но на одбиената топка налета Иско кој ја смести во голот.

И покрај примениот гол Џирона продолжи со агресивната игра, а во 35 минута Порту биеше со глава, а овојпат левиот дирек беше сојузник на Кико Касиља.

Индолентната игра на Реал, Џирона ја казни во вториот дел и тоа во интервал од само четири минути.

Риера во 54 минута со мала помош на Начо успеа да ја одложи топката до Стуани, а Уругваецот од десетина метри го матира голманот на Реал.

Четири минути подоцна целосен пресврт направи Порту, кој со брилијанта реакција ја казни конфузијата во одбраната на Реал. Останува впечатокот дека стрелецот на голот Порту беше во недозволена позиција.

До крајот на мечот Зидан се обиде да го раздвижи својот тим со уфрлањето во игра на Лукас Васкез и Марко Асенсио, но и покрај тоа Џирона беше тимот кој имаше поконкретни акции.

Реал по вториот пораз во првенството остана на делба на третата позиција со градскиот ривал Атлетико. Двата тима имаат осум бода помалку од лидерот Барселона. Џирона ја запиша третата победа во шампионатот и со 12 бода се наоѓа на 11 место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП