5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМертенс би можел да го напушти Наполи за мизeрна сума на пари

Мертенс би можел да го напушти Наполи за мизeрна сума на пари

Најдобриот играч на Наполи би можел да го напушти клубот за мизeрна сума на пари. „Газета дело Спорт“ објави дека откупната клаузула во договорот на Мертенс изнесува 28 милиони евра.

Наполи се уште не му понудил нов договор на Белгиецот, бидејќи според шпекулациите тој сакал да ги разгледа потенцијалните понуди.

Сепак во Неапол се надеваат дека иако игра во одлична форма, понуди нема да има бидејќи во 2018 тој ќе наполи 31 година.

Без оглед на годините Мертенс игра во неверојатна форма, минатата сезона постигна 34 гола на 45 натпревари, а оваа сезона 11 пати бил стрелец на 15 одиграни натпревари.

Договорот на Мертенс со Наполи истекува во јуни 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП