4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏирона-Реал: Празник на фудбалот и ништо повеќе

Џирона-Реал: Празник на фудбалот и ништо повеќе

Претседателот на Џирона, Делфи Гели, најавил дека натпреварот против Реал Мадрид ќе се одигра според планираното иако постои загриженост околу безбедноста. Овој шпански регион прогласи независност, а ден по прогласувањето Реал ќе гостува во Каталонија.

Шпанските медиуи најавуваат дека локалните власти поради зголемените политички тензии во Каталонија би можеле да го одложат натпрварот.

Првиот човек на Џирона на навивачите им порачал дека таквите најави се неосновани и дека мечот ќе се одигра според планираното.

„Клубот не доби никакви препораки, напорно се подготвуваме за мечот, сакаме навивачите да уживаат. За нас ова е историски натпревар, како што беа дуелот со Барселона минатиот месец и премиерниот меч со Атлетико. Мислите ни се насочени кон натпреварот и на тоа како на Реал да му ја отежниме работата. Тренерот рече дека овој дуел ќе биде празник на фудбалот и јас се согласувам со него. Ова е фудбалски натпревар и ништо повеќе. Безбедносните мерки се на исто ниво какви што беа за дуелите со Барселона и Атлетико, ништо не е сменето“, рекол Гели.

Натпреварот Џирона-Реал Мадрид, според прогамата ќе се игра в недела од 16:15 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП