Овен (21.03 – 20.04)
Можно е на некој начин да му помогнете на некој колега во расправата со наредените. На љубовното поле ве очекува интересна средба со лице со кое можете да имате страствена врска.
Бик (21.04 – 21.05)
Доколку се занимавате со судски прашања можете да очекувате позитивен исход. Генерално викендов е поволен за работа. Во љубовта ќе ви одговара чувството на слобода барем за момент.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Нема причина да бидете загрижени за своето деловно поле. Наскоро ви доаѓа поддршка од странство. Во љубовта можете да очекувате интересна ситуација со некоја Вага или Водолија.
Рак (22.06 – 22.07)
Доколку сте планирале да земете некаков вид на кредит или да побарате позајмица од некого, можете да сметате дека ќе го добиете тоа што ќе го побарате. Во љубовта можно е емоциите да ви се променливи.
Лав (23.07 – 22.08)
Можете да очекувате продолжение на поволниот период на деловен план. Се ќе ви оди од рака. Во љубовта можни се мали несогласувања со саканото лице.
Девица (23.08 – 22.09)
Пред вас е викенд во кој ќе и бидете посветени на работата. Нема да имате време за одмор. Во љубовта слободните лесно ќе склопат некое познанство кое ќе прерасне во нешто повеќе.
Вага (23.09 – 22.10)
Пред вас е викенд во кој ќе имате прилика да бидете слободни и целосно да се одморите од работата. Во љубовта нови љубовни случувања се пред вас. Ќе доживеете романтични моменти.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Можете да очекувате значителен напредок на полето за приватен бизнис. Пред вас е викенд во кој многу нешта ќе решите. Во љубовта вашите емоции се стабилни, знаете што точно сакате и со кого.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Можете да очекувате позитивни решенија. До вас доаѓаат некои нови информации кои можат да ви бидат многу значајни. Во љубовта пред вас е прилика да вложите дополнителен труд и напор во комуникацијата со саканото лице.
Јарец (22.12 – 20.01)
Можно е да имате прилика да дојдете до заработка овој викенд, а со тоа и да ја подобрите материјалната состојба. На љубовното поле не ве очекуваат драстични промени. Ќе уживате.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе имате нов налет на енергија и инспирација и ќе се чувствате добро поради тоа. Пред вас е поволен викенд да средите некои деловни обврски. Во љубовта можно е емоциите да ви го поматиле разумот, размислете два пати.
Риби (20.02 – 20.03)
Доколку очекувате некоја нова деловна понуда, таа ќе дојде до вас. Можеби нема да бидете воопшто изненадени ниту пак ќе ви бидат исполнети очекувањата. Во љубовта на слободните им претстои интересна средба.